Хрватскиот ракометар Дувњак е прогласен за MVP на европското првенство

by Фокус

Ракометарот на хрватската репрезентација Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на Европско првенство што завршува попладнево со големото финале меѓу Шпанија и Хрватска.

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол.

Дувњак беше непогрешлив и од линијата за седум метри, погодувајќи ги сите шест пенали за кои презеде одговорност како изведувач, а воедно направи 11 асистенции, украде 7 топки и постави 2 блокади.

Поврзани новости