Кабинетот на Мизрахи го води поранешна советничка на Груевски

by Фокус

Марија Апостолова, шефицата на кабинетот на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, е поранешна советничка на експремиерот Никола Груевски кој е во бегство, обелодени Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјала во рамки на СДСМ.

-На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите  кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ. Кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ се кадри блиски до Никола Груевски со што се докажува дека Мицкоски е само вршител на должноста претседател на опозициската партија – рече Живковиќ.

Поврзани новости