Хрватскиот премиер е заразен со корона вирус

by fokus

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е заразен со корона вирус, соопшти вечерва хрватската Влада.

-Врз основа на препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ денеска го повтори тестот за присуство на корона вирусот, и тој покажа дека е позитивен, изјави портпаролот на хрватската Влада.

Како што е наведено, Пленковиќ во моментов се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите активности и одговорности од дома.

Претходно на Пленковиќ му беше наредена епидемиолошка мерка за самоизолација, бидејќи неговата сопруга прва се зарази со вирусот, а по денешниот позитивен тест дадени му се  уште нови 10 дена самоизолација,пренесоа хрватските медиуми.

Поврзани новости