Хрватски портал тврди: ГО ИМАМЕ ИМЕТО НА УБИЕЦОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ!

by fokus

Денес во регионот се прошири веста дека музичката легенда Тоше Проески не загинал во сообраќајна несреќа, туку бил свирепо убиен, додека седел во својот автомобил паркиран покрај бензинска пумпа во Хрватска. Хрватскиот портал ХОП го сврте вниманието на Балканот со оваа вест, која што експресно се прошири по социјалните мрежи. Таму детално е опишано тоа што наводно се случувало со Проески во неговите последни часови од живот, именувани се лица за кои што се тврди дека се вмешани во неговото убиство, а информациите хрватскиот портал ги добил од сведок на случката.

По електронски пат се обидовме да стапиме во контакт со Игор Дрењанчевиќ, главниот уредник на порталот, но не успеавме да добиеме одговор кој е автор на скандалозната приказна за Тоше, под која што е потпишана единствено редакцијата ХОП, а не конкретно новинарот кој што ја направил сторијата.

Ова не е прв пат да се пишуваат разни теории на заговор околу смртта на Тоше, која што го потресе целиот регион. Во неколку наврати сопругот на неговата сестра Дора, Славен Ристески, апелираше јавноста да го остави Тоше да почива во мир и да не фрла дамка на неговото дело, но и да не го потресува дополнително семејството.

Следниот линк води до целата приказна објавена на хрватскиот портал.

Вики Клинчарова

Поврзани новости