Зимскиот распуст продолжен до 23 јануари

by fokus

Поради грипот, зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, па учениците ќе се вратат во училишните клупи на 23 јануари.

Оваа мерка денеска ја соопшти Министерот за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести со цел намалување на опасноста за ширење на грипот кој оваа сезона зема голем замав.

Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови со организиран јавен превоз, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година.

Поврзани новости