Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија

by fokus

Министерството за надворешни работи на Србија денеска го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер.

„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и го прекрши член 9 од Виенската конвенција, со кој се уредуваат дипломатско-конзуларните односи. По тој повод, до амбасадорот на Република Хрватска, Хидает Бишчевиќ, била доставена дипломатска нота“, соопшти српското МНР.

Министерството за надворешни работи на Србија изразува жалење за однесувањето на тој дипломат во изминатиот период, „кое не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот“.

Македонија води на првото полувреме, Барди погоди пенал
Македонската фудбалска репрезентација води против Англија со 1-0 по првото полувреме на натпреварот кој се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Голот беше даден од пенал откако англискиот фудбалер Луис го закачи Миовски во лицето, па беше досуден пенал. На белата точка застана Енис Барди кој ја погоди мрежата на втора откако топката се врати кај него.

Поврзани новости