Над половина тон кокаин, вреден околу 20 милиони евра, е запленет во заедничка акција на полицијата и царината на пристаништето во Риека во последните месец и половина, потврди вчера министерот за внатрешни работи на Република Хрватска Давор Божиновиќ, пишува „Индекс.хр“
Неофицијално, кокаин со висока чистота бил пронајден во контејнери кои биле пронајдени на пристанишниот терминал, од каде понатаму како контејнерски товар со камиони требало да бидат транспортирани до нивните дестинации, најверојатно во областа на Западна Европа. Дрогата била пронајдена во неколку различни пратки.
Шефот на Националната полициска управа за сузбивање на корупција и организиран криминал Марио Ковач, началникот на приморско-горанската полиција Хари Брнад, началникот на регионалната царинска испостава Риека Андреј Франуловиќ и помошникот директор за Сектор за мобилните единици Предраг Јуратовац на прес конференција рекоа дека голем придонес во оркривање на овие пратки кокаин има и случбеното куче, со кое ги прегледувале контејнерите.
„ Службеното куче покажало интерес за одредени делови од контејнерот, а потоа цариниците на местото означено од кучето ја отстраниле металната облога и зад неа пронашле содржина што не смеела да ја има. Во целосната заплена се запленети вкупно 745 килограми дрога кокаин со проценета вредност од над 20 милиони евра. Известено е и надлежното Државно правобранителство и можам да кажам дека тука не е крајот. Сè уште се изведуваат насочени извидувачки операции“, соопштија на прес конференцијата.
Од хрватската полиција објаснуваат дека чистотата на кокаинот е меѓу 80 и 90 проценти.
“Пратките доаѓаа од различни земји, најмногу од Јужна Америка – Колумбија и Боливија. Не можам недвосмислено да кажам дека доаѓаа од едно пристаниште. Кога станува збор за рутите до Европа, имате еден или повеќе претоварни места, така што организираните криминални групи извлекуваат кокаин каде што проценуваат каде е најбезбедно за нив“, соопшти хрватската полиција.