Хрватската песна „Рим Тим Таги Дим“ на Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања со која земјата ќе настапи на Евровизија во Малме, Шведска, се искачи на првото место на обложувалниците.
На официјалната страница на Eurovisionworld веќе неколку дена Хрватска е на првото место според прогнозите за победа, а веднаш зад неа е Украина, па Италија на третото место.
Од регионот, Србија се наоѓа на 23-то место, Грција на 16-то, а Албанија на 37-мо, односно на последно место.
Евровизијата во Малме ќе се одржи на седми и деветти мај, кога ќе се случат двете полуфинални вечери, а пак финалето е на 11-ти мај и ова е 68-мо издание на популарната музичка манифестација.
Македонија втора година по ред не учествува на настанот, поради економски причини.
Вики Клинчарова