Пратеничката во Европскиот Парламент од Хрватска, Марјана Петир, преку видео обраќање и даде отворена поддршка на Македонија во спорот за името со Грција. Таа порача едка ЕУ сака Македонија да биде дел од европското семејство и дека македонскиот народ има пријатели во ЕП.
-Македонија со години трпи бројни неправедности, една по друга, кои ја оставаа вратата на ЕУ затворена за неа. Сметав тогаш, а и сега дека ЕУ се однесува неправедно кон Македонија – вели Петир.
Додава дека овие денови претседателот на ЕК ја посетил Македонија и изразил подготвеност за преговорите што е позитивен знак, но според неа проблем е што Грците сакаат наместо прст, цела рака.
-Ја делам загриженоста за промена на името и идентитетот на Македонците – вели таа и додава дека Македонците имаат свое име.
Петир вели дека ги охрабрува Македонците да го чуват највредното што го имаат и дека таа ќе помогне колку може.
Петир и е инаку позната на јавноста во Македонија како предводник на „Групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент“ и беше еден од најжестоките бранители на политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел.