Владата на Република Македонија на својата  56 седница, именувала дури 27 директори и заменици  од редовите на ДУИ, пишува порталот Тетова 1, и тоа на следните институции:

1. Државен инспекторат за животна средина – Фејзула Спахија (директор)

- Advertisements -

2. Државен инспекторат за техничка инспекција – Екрем Буњаки (директор)

3. Државен инспекторат за транспорт – Руфат Хусеин (директор)

4. Државен инспекторат за шумарство и ловство – Ејуп Јахја (директор)

5. Биро за метрологија – Мерита Мустафаи (директор)

6. Биро за регионален развој – Рамиз Реџепи (директор)

7. Центар за управување со кризи – Агрон Буџаку (директор)

8. Агенција за стоковни резерви – Рези Абдурахмани (директор)

9. Канцеларија за државна индустриска сопственост – Сафет Емрули (директор)

10. Дирекција за задолжителни нафтени резерви – Улуси Беќири (директор)

11. Агенција за поддршка на развојот на земјоделството  – Елгафар Јусуфи (директор)

12. Затвор Тетово – Мурат Рамадани (директор)

13. Академија за наставници – Амир Зилбеари (директор)

14. Биро за правна експертиза – Валде Џафери (директор)

15. Оддел за чување на книги – Бујар Дардишта (директор)

16. Биро за јавни набавки – Бардил Насуфи (директор)

17. Агенција за странски инвестиции – Вулнет Адеми (директор)

18. Дирекција за заштита и спасување – Екрем Зендели (заменик директор)

19. Дирекција за индустриски технолошки развојни зони – Асип Усенини (заменик директор)

20. Катастарска агенција – Муса Ибрахими (заменик директор)

21. Тело за ревизија на ИПА – Лиман Muhaxhiri (заменик главен ревизор)

22. Затвор Идризово – Феми Јонузи (заменик директор)

23. Затвор Скопје – Садуш Арифи (заменик директор)

24. Затвор Куманово – Мевлан Џемаили (заменик директор)

Во јавни акционерски претпријатија исто така се назначени неколку  директори:

1. АД “Македонски енергетски ресурси” – Бајрам Реџепи

2. АД “Управување со водите на Македонија” – Илми Селами

3. АД “ГА-МА” – Рафис Алити

Имињата со честитки до именуваните ги објавил вицепремериот  Хазби Лика на својот ФБ профил.