Хрватска ТВ Нова: Македонија на работ на диктатура – монтирани процеси и затворање на новинари!

by Фокус

„Македонија на работ на диктатура: монтирани процеси и затворање на новинари“ – вака е насловен прилогот на хрватската ТВ Нова, во кој се обработуваат затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, новинарските протести против калкулирањето на државните институции околу неговото ослободување, како и новонастанатата политичка состојба по најавата на опозицискиот лидер Зоран Заев дека ќе објави компромитирачи материјали за власта на чело со премиерот Никола Груевски.

За потребите на прилогот, новинарите на хрватската телевизија ја посетија и редакцијата на Фокус, каде разговораа со одговорниот уредник на неделникот Зоран Димитровски, кој му беше главен уредник на Кежаровски во весникот Нова Македонија во времето на неговото апсење.

Деталите може да ги погледнете на следниот линк.

Поврзани новости