Хрватска преку пенал рулетот  до четвртфинале на СП

by Fokus

Во еден од поинтересните дуели во нокаут фазата, Јапонија поведе со 1-0 против Хрватска во 43’ минута со голот на Маеда. Светските вицешампиони од 2018-та се вратија преку Перишиќ во 55’ минута и до крај немаше нови голови па преку продолженија се стигна до пенали

Селекторите на двете репрезентации ги искористија сите замени од клупата за резерви, се обидоа со нови адути да ја освежата својата игра, но промена на резултат немаше. 1-1 после регуларен дел и после продолженија.

На крајот пеналите одлучуаа а тамо доминираше голманот на Динамо Загреб, Домагој Ливаковиќ со дури три одбранети пенали!

Во второто осминафинале од денешната програмата ќе играат Бразил и Јужна Кореја.

 

 

 

Поврзани новости