423
Хрватската министерка за регионален развој и фондови на ЕУ Габриела Жалац, немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возило налетала на дете.
Од полицијата соопштија дека на министерката и е изречена казна од 1.000 куни (135 евра), односно 500 куни, ако плати веднаш, што најверојатно министерката го направила.
Алко-тестот покажал дека таа не била под дејство на алкохол.
Во сообраќајката, што се случила денеска во Винковци, тешко повредено е девојче кое додека претрчувало улица на необележано место, настрадало кога министерката со автомобил налетала на него.