Хрватска ќе купува 12 борбени авиони

by fokus

Главниот аналитичар и специјален советник на хрватскиот премиер Роберт Копал изјави денеска дека крајната цел на хрватската Влада е да потпише договор за купување 12 борбени авиони од четвртата генерација до крајот на следната година, додавајќи дека се разгледуваат и половни авиони.

-Нашата цел е да имаме договор потпишан до крајот на следната година и да знаеме до средината на идната година за кои авиони станува збор. Според тактичко-техничката студија, на Хрватска и се потребни 12 авиони, а процесот на набавка и официјално ќе започне со испраќање понуди до земји чии авиони ги исполнуваат техничките услови на Хрватска, рече Копал.

Тој истакна дека еден од многуте параметри при изборот на авиони ќе биде датумот на нивно доставување.

Во почетокот на јануари, Израел го извести Министерството за одбрана дека не може да добие одобрение од САД за испорака на авионите Ф-16 Барак  на  Хрватска, официјално потврдувајќи дека купопродажбата на тие авиони не успеала.

Според локални медиуми, хрватското Министерство за одбрана е заинтересирано во новиот круг за F-16 C/D Block 50/52,  шведскиот ЈАЅ-39 Gripen и францускиот Мираж 2000.

Поврзани новости