569
Федералниот министер за индустрија на БиХ Ердал Трухуљ вчера изјавил дека голема хрватска компанија ќе го пресели производството од Македонија во неговата држава. Станува збор за два производствени капацитети за кои договорот ќе биде потпишан наредната недела.
– Нас ни зборуваат дека Македонија е рај за бизнисот, а големите компании ги префрлаат своите производствени капацитети. Значи, БиХ сигурно има многу што да понуди. Бизнис амбинетот е многу поголем отколку што се мисли – додал министерот.
Министерот не спомнува за која компанија станува збор.