Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром

by Fokus

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија.

По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори.

Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром.

Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација.

Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.

– „Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.

Поврзани новости