Христоски има „ас во ракавот“ како да ги задржи младите во Крушево

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Крушево, Томе Христоски на вчерашните избори го доби вториот мандат за лидер на општината и го победи неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска.

Христоски победи со 52.70 отсто од гласовите, или 600 гласови повеќе од Проеска и во изјава за „Фокус“не го криеше задоволството.

Може да се каже дека сум многу задоволен од изборниот резултат. Граѓаните одбраа тоа што е најдобро за нив и со исто темпо продолжуваме во иднина. Очекував разлика од 1000 гласови, но и вака резултатот е одличен“, ни изјави Христоски.

Крушево како многу од малите места се соочуваат со иселувањето, посебно на младата популација. Градоначалникот на градот се чини дека има „ас во ракавот“ за да ја спречи таа појава.

 

Во иднина ќе работиме многу повеќе на развој на развој на општината, туризмот ќе го подигнеме на едно повисоко ниво. Најавени се две нови инвестиции, од кои едната е за фотоволтаици и таа треба да почне да се гради од наредната седмица. Тоа подразбира нови вработувања и ќе се потрудам да ги задржам младите во градот“, рече Христоски.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости