Ховит со Јанева: Пржино ќе го биде

by Фокус

Европратеникот Ричард Ховит се сретнал со Специјалната Јавна Обвинителка Катица Јанева, објави европратеникот на Твитер. Под објавата напишал само една реченица со која изразува уверување дека по формирањето на тимот обвинители, конечно ќе може партиите да ги договорат останатите прашања, а Јанева да започне со истрага:

„Нејзиниот тим конечно е формиран. Пржино ќе го биде“- твитнал Ховит. Јанева од денеска, по свечената заклетва има 12 обвинители во тимот. Претходно и се одобрија средствата во износ од милион евра, но останува прашањето за простор.

 

Фото: Тв 21

Поврзани новости