Ховит: Главен виновник за Пржино е Груевски

by Фокус

Договорот од Пржино е прекршен, а Македонија ќе се соочи со последици. Главниот виновник за тоа, според европарламентарецот и медијатор Ричард Ховит е ВМРо ДПМНЕ и премиерот Груевски. „ Јасно е дека главната одговорност од неспроведувањето на договорот е на ВМРО ДПМНЕ, владејачката парија и господинот Груевски. Сеуште апелирам до него и до нив и до сите партии да ги спроведуваат обврските со сета сериозност. И мора да има одговорност од неуспехот да се стори тоа. Веќе е  предоцна да се добие иста позитивна препорака како лани од ЕУ да се почне со преговорите. Тоа нема да го има во извештајот следната недела. Ќе има квалификации, условеност, сигурен сум“, вели Ховит, пренесе Телма.

Европската унија и меѓународната заедница не сакаат да бидат силеџии и да им кажуваат на луѓето овде што да прават. Подобро би било Македонија како суверена земја да може, да има капацитет да се справува со конфликтите и проблемите што постојат во општеството. Но притисокот од наша страна е неопходна во овој момент, вели поранешниот известувач за Македонија. „Бидејќи последиците од тоа, ако работите продолжат да се одвиваат на погрешен начин, нема да доведат до влошување за мене, за мојата земја, за Еу, последиците од неуспехот ќе се одразат врз влошување на животот на луѓето овде, на економската иднина на бизнисите на луѓето овде, врз младите луѓе кои бараат работа. Ако ја изгубиме позитивната препорака, господин Груевски самиот ми кажа, не сега, но порано, дека ќе има големо влијание врз климата и довербата на инвеститорите да вложат пари овде, што е од клучна важност за  економијата за земјата“.

Европската унија е разочарана бидејќи ветувањата што досега ги даваше владата не само што не се остварувани туку во голем број области работите се влошени, особено во делот на правосудството и медиумите. Затоа, според Ховит мора да има и политичка одговорност на иабори и и законска одговорност на суд.  А Сите очи се вперени во специјалниот обвинител и отворањето на случаите.„Има сомнеж има загриженост во меѓународната заедница, во Европската унија во овој момент, но мора да има и одговорност пред законот. Именувањето на специјалниот обвинител, со неа се сретнав деновиве, мора да и се овозможи да ја заврши работата. Без притисок и без мешање. Од наша страна ние ја почитуваме нејзината независност и не се обидуваме да се мешаме, но тоа треба да важи и за сите политички актери во земјата. Ако има криминални дејствија, а нема сомневање дека постојат, сите се согласуваат со тоа. Но, судовите и судскиот систем треба да откријат кој е одговорен и како да се покренат потребните обвиненија и гонење“, рече Ховит.

Поврзани новости