СДСМ: И кога паѓа Груевски ја задолжува државата со 500 милиони евра

by Фокус 14:40
14:40

Пред заминување од власта Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни, нови 500 милиони евра! Со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија. За Никола Груевски не е доволно тоа што за речиси 10 година има потрошено над 25 милијарди евра од буџетот, пари на граѓаните. Неговото расипништво не може да го задоволи па постојано ги задолжува граѓаните- наведува СДСМ.

Според нив задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател. Човекот којшто е главен реализатор на шемите од типот „немаме за леб а даваме за чоколадо“, Зоран Ставревски, ги крие вистинските информации колку многу Груевски ги задолжи граѓаните на Македонија во изминатите 9 години. Но, дури ниту нивната дрскост да ја променат методологијата за пресметка на висината на јавниот долг, не може да ги покрие катастрофалните резултати. И со промената на методологијата долгот на Македонија постојано расте.

- Advertising -

Поврзани новости