Хотел во Битола е карантин за 45 повратници од Малта

by Фокус

Четирисет и пет лица од Малта попладнево пристигнаа во битолскиот хотел Епинал, каде е направен првиот државен карантин за македонски државјани во странство кои прифатија да бидат во 15-дневна изолација за да се вратат во земјава.

„Пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24 часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани“, соопштија од Општина Битола.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија, понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин е на товар на државата.

Поврзани новости