Хорхе станал Франциск во чест на сиромашните

by fokus

Посетата на нашата земја на папата Франциск е главната вест деновиве која го привлече интересот на јавноста, а во медиумите се откриваат разни детали од неговата биографија за кои народот не слушнал многу.

Така, како еден интересен факт од биографијата на поглаварот на Римокатоличката црква е и неговото име. Имено, тој е роден на 17-ти декември 1936 година во Буенос Аирес како Хорхе Марио Бергољо.

За време на неговото прво јавно обраќање откако стана папа, на 16-ти март 2013 година, тој пред медиумите изјави дека за себе го избрал името на светецот Францис, бидејќи посебно бил загрижен за состојбата на сиромашните во светот.

Тогаш тој појасни дека откако го избрале, бразилскиот кардинал Клаудио Хумес му порачал – Не ги заборавај сиромашните, по што Хорхе се сетил на светецот Францис, кој бил нивни заштитник.

Тој појасни дека му се восхитува на Свети Франсис поради тоа што во Христијанството ја донел идејата против луксузот, гордоста и моќта и ја променил историјата.

Од тогаш, тој и официјално станал папата Франциск, а од Ватикан појаснија дека името му е Франциск, без додавање на било каков римски број до него.

При изборот на името, од страна на неколку кардинали му биле предложени и имињата Адриан и Климент, но сепак Хорхе се одлучил за Франциск, бидејќи според него тој бил светец кој ја променил историјата со своите идеји против суетата на цивилните и црковни сили на времето.

Вики Клинчарова

Поврзани новости