Група хонорарци се собрани пред Министерството за труд и социјала и поднесуваат барања за информации од јавен карактер, револтирани од новите законски измени за плаќање данок.
Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, вели дека ваквата акција не е залудна и колку и надлежните да ги игнорираат реакциите на хонорарците, тие ќе продолжат и се надеваат дека еден ден ќе успеат.
Здравко Савевски од „Солидарност“ вели дека ваквиот закон е противуставен и сите хонорарци треба да го прашаат Министерството, зошто толкава бирократија околу овој закон, и што со луѓето кои не земаа хонорари за месец јануари оваа година.
Хонорарците најавија протест за петок 13, бидејќи сметаат дека црниот петок е соодветен пример за тоа колку е се црно во Македонија.