464
Триесет и пет годишен холандски државјанин е уапсен во хотел во Струга, откако претходно илегално влегол во земјава, соопшти МВР.
„На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад“, се вели во полициското соопштение.