Бајден поддржа обука на украински пилоти за борбените авиони Ф-16

by Фокус

Претседателот на САД Џо Бајден ги поддржа плановите за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство, додека тој се договара со лидерите на најмоќните демократски држави во светот за плановите за заострување на казните кон Русија за нејзината 15-месечна инвазија на Украина, објави Асошеитед прес.

Лидерите на Г7 се состанаа во Хирошима, каде претседателот Володимир Зеленски во недела треба да им се придружи на неговото најдалечно патување од неговата земја од почетокот на војната во февруари минатата година.

Лидерите за првпат слушнаа за поддршката на Бајден за обука на украински пилоти на напредни борбени авиони, како претходник за испраќање на авионите во Украина.

Лидерите на Г7, исто така, најавија нови санкции кон Москва, како и планови за подобрување на ефективноста на постоечките финансиски казни кои треба да ги ограничат воените напори на претседателот Владимир Путин.

Поврзани новости