123
Амбасадорот на Холандија во земјава, Дирк Јан Коп упатил жестока порака на средбата со претседателот на ДУИ – Али Ахмети.
Амбасадата на Холандија на својот Фејсбук профил информираше дека на средбата Јан Коп му пренел порака на Ахмети – дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена.
Непотребното политичко влијание врз функцијата претседател на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија – му порачал холандскиот амбасадор на Ахмети.
Претседателката на Врховниот суд – Беса Адеми се пожали дека има политички притисоци врз Врховниот суд за да се овозможи враќање на Никола Груевски од Будимпешта.