Откако барањата на Специјалното јавно обвинителство за поголема заштита на сведоците и продолжување на неговиот мандат денеска беа отфрлени од пратениците на владејачкото мнозинство, реакција имаше и од Холандската амбасада во Скопје.
-Холандија секогаш се залага за отчетност како еден од основните предуслови за враќање на довербата во политичкиот систем на државата. Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, со цел непречено да ја исполни својата мисија, како што и беше договорено од страна на политичките лидери, за доброто на Македонија, нејзините граѓани и нејзината иднина – се вели во соопштнието од амбасадата.
Претходно, реакција имаше и од амбасадата на САД и од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од каде ги повикаа партиите да ги прифатат барањата на СЈО.