Министерството за надворешни работи на Холандија целосно се придружува на изјавите дадени вчера од страна на Европската унија и САД. Холандија, која во моментов го има претседателството со Советот на Европската унија, ги повикува сите страни сега да преземат одговорни, одлучни и инклузивни активности кои ќе ја изведат Македонија од тековната криза, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија во врска со последните случувања во земјава.
„Како што се споменува во писмата упатени до лидерите на политичките партии од страна на министерот Кундерс порано овој месец, клучните чекори кои треба да се преземат се: 1) спроведување на реформите кои ќе довдат до слободни, фер и инклузивни избори, и 2) овозможување на непречена работ на Специјалното јавно обвинителство, особено со повлекување на аболицијата на политичарите од страна на Претседателот Иванов без понатамошно одлагање. Со оглед на тековната состојба, генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроут, кој е претставник на ниво на заменик- министер, ќе ја посети Македонија на 19 и 20 мај 2016 година. За време на својата посета, г. Де Хроут има закажано средби со министерот за надворешни прашања Никола Попоски и со лидерите на четирите политички партии кои се потписници на Договорот од Прижно“, се вели во известувањето на од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.