Судот останува без судница за „Диво насеље“

by Фокус

Главната расправа за случајот „Дива Населба“ и денеска одложена поради тоа што сѐ уште нема просторни услови кои ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди.

И покрај обидите преку Министерството за правда да биде обезбедена соодветна просторија, Претседателот на Основниот суд Скопје 1, информира дека до денеска тоа не е направено.

Од таму велат дека ддговорот ќе чекаат до 23 мај, за кога е закажано продолжението на судскиот процес., а до тогаш сите обвинети остануваат во притовор.

Во случајот „Диво Насеље“ им се суди на 29 обвинети кои наводно подготвувале и спровеле терористичка акција во Куманово на на 9 мај 2015 година, кога осум припадници на МВР загинаа, а четитиесетина беа тешко повредени.