539
Децата на возраст од 5 до 11 години во Холандија ќе почнат да добиваат покана за примање вакцина против ковид-19 од втората половина на јануари 2022 година, изјави денеска министерот за здравство Хуго де Јонге.
Децата со претходно постоечка хронична болест или други зголемени ризици веќе можат да се вакцинираат со Фајзер.
Владата ја следи препораката на Холандскиот здравствен совет, според која предностите од вакцинацијата очевидно ги надминуваат сите недостатоци, дури и за децата.