Холандија не го пушти Чавушоглу да слета на нејзина територија

by fokus

Холандија не му дозволи слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу требаше да пристигне на митинг во Ротердам.

Чавушоглу најави дека ќе отпатува за Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

– Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата – изјави Чавушоглу.

Холандија пак, не одговори на отворените закани, а за забраната за слетување на Чавушоглу рекоа дека е одлучена, бидејќи дипломатот би можел да го „загрози јавниот ред и безбедност“.

Чавушоглу во Ротедрам требаше да се обрати на митинг на припадниците на турската заедница, организран од властите во Анкара со цел да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со што треба да се зголеми моќта и овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Поврзани новости