Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, соопшти холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.
-Мило ми е што денеска Холандскиот сенат гласаше за ратификација на Пристапниот протокол кој ѝ овозможува на Северна Македонија да му се приклучи на НАТО. Среќен сум што можам да ѝ посакам добредојде на Северна Македонија како 30. Членка на НАТО, дополнително зајакнувајќи ја Алијансата и придонесувајќи на евроатлантската безбедност, рече Блок.
Со ова, остануваат уште две земји да го ратификуваат Протоколот, а тоа се Франција и Шпанија. Францускиот амабсадор Тимоние најави дека Франција ќе го ратификува Протоколот до крајот на годинава, а Шпанија брзо откако ќе го формира Парламентот, откако вчера беше избрана Влада.