Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет.
Ваквиот став произлезе од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент, каде шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано, но сепак Холандија нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.
Холандија го поздравува Песпанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашања во регионот и препорачува продолжување на предметите отворени од СЈО откако се префрлени за понатамошно процесуирање во ЈО.
Во однос на Албанија, пак, холандската Влада ги поздравува досега преземените чекори, но смета дека мора да бидат направени дополнителни напори за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Инаку, заклучокот од дебатата во Комитетот за европски прашања сега треба да се преточи во заеднички став на парламентарните партии.