Две и пол години од судењето „Тортура“ паѓаат во вода, судењето ќе почне од почеток

by fokus 10:17
10:17

Две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ паѓаат во вода, поточно судењето за овој случај ќе стартува од почеток, бидејќи еден од поротниците си дал отказ, а во судница беше отсутна и судијката Александра Ристеска.

Во судница беше кажано дека судијката не е присутна поради здравствени причини, а засега не е позната причината за повлекување на поротникот.

- Advertisements -

Поради смената на поротникот постапката мора да почне од почеток, односно одново ќе се чита обвинението, ќе се даваат воведни зборови, ќе се викнат сите сведоци и повторно ќе се изведат сите докази.

Во овој случај за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година обвинети се екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неколкумина вработени во единицата Алфи.

В.В.

Поврзани новости