797
Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент Хојт Ји в четврток ќе престојува во Македонија, јави телевизијата Алсат М, повикувајќи се на американската амбасада во Скопје. Тема на неговите средби со македонските политичари ќе биде исполнување на договореното во Пржино и за подготовките за спроведување на изборите.
Хојт Ји последен пат во Скопје, лани пролетта, порача дека мора да се истражат индициите за корупција во прислушуваните разговори.