Американскиот дипломат нагласи дека потребно е земјата повторно да се насочи кон Европската унија (ЕУ) и НАТО и дека за ова има огромна поддршка од САД.
„САД се уверени дека Македонија ги има потребните ресурси за да излезе од кризата, постои можност ова да се направи и земјата да се врати на евроатланскиот пат. Мора да има владеењето на правото и да се почитуваат Уставот и законите. Важно е лидерите итно да реагираат и да ја поправат штетата нанесена од помилувањата, а ова треба да направено што е можно поитно и на јасен, сеопфатен и недвосмислен начин. Доколку помилувањата се повлечат на само делумен или селективен начин тоа ќе го засили растечкото чувство на неказнивост во државата“, рече Ји.
Во однос на одговорноста на политичките лидери, тој додаде дека таа се подразбира преку целосната поддршка за институциите кои се задолжени за владеењето на правото, вклучувајќи го и Специјалното јавно обвинителство.