Изјавите за создавање „Голема Албанија“ претставуваат само неодговорна реторика, но треба да бидат сфатени во контекст на политичката кампања и не треба да им се дава преголемо значење, смета американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Ји.
Според него политичките партии и лидери во регионот се свесни дека до интегрирање во ЕУ нема да дојде со промена на постојните граници.
Тој во интервју за Танјуг вели дека не постои никакво сериозно движење за создавање на „Голема Албанија“, ниту пак има желба кај албанското население во Македонија, Црна Гора или пак во самата Албанија за некакво обединување.
„Верувам дека официјалната политика, искрената политика на (албанските) партии во Македонија, Црна Гора, Косово или Албанија е да се интегрираат во ЕУ, да влезат во НАТО кога тоа ќе биде можно, во рамките на суверените граници на земјите во кои живеат, а не преку промена на границите и низ некој вид на наднационален идентитет – изјави Хојт Ји.