Советот на јавни обвинители чека Влада, за да избере нови обвинители?!

by fokus 14:07
14:07

Советот на јавни обвинители денсека повторно ја одложи седницата на која требаше да се изберат двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје и еден во Републичкото, а требаше и да распишат конкурс за нов шеф на Скопското јавно обвинителство на местото на Гордана Гешкоска.

Претседателот Петар Аневски истакна дека мнозинството членови сметале дека нема услови за одржување седница бидејќи треба да се почека формирање Влада. Гласањето беше пет спрема четири. Во овој период ниту Судскиот совен на јавни обвинители не треба да избира и разрешува судии и јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски.

- Advertisements -

Останува нејасно зошто мнозинството членови на Советот сметаат дека изборот на обвинители зависи од Владата, бидејќи според Законот за советот на јавните обвинители тие се самостоен орган. Во член 3 пак изречито е забрането нивно политичко дејствување.

„(1) Се забранува политичко организирање и дејствување во Советот.

(2) Членовите на Советот во вршење на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност, пишува во законот.

 

Поврзани новости