Хоџа се сретнал со Џафери, прашува кој го следи

by fokus

Аријанит Хоџа од БЕСА и министер во оставка се сретнал со високиот функционер на ДУИ, Муса Џафери. Од оваа средба во кафич излезе фотографија на социјалните мрежи, а Хоџа прашува кој и зошто го следи.

-Како активна личност во политиката имам стотина средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер во оставка од актуелната Влада. Ако растот на движењето Беса на некого им пречи, тоа е проблем на оние кои ја имаат оваа грижа, а не наш, напиша Хоџа на социјалните мрежи.

 

 

Поврзани новости