Ходаи: Нема да дозволиме партизација на Сојузот на средношколци

by Fokus

Бленди Ходаи, претседателот на Средношколскиот сојуз на Македонија, за Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемите со кои се соочуваат тие околу прашањето за матурата. Како што истакна тој, нема да се дозволи партизација на ова здружение.

„Матурантите се вратија на настава, го прекинавме бојкотот по средбите со пратениците. Уживаме поддршка од 70 пратеници, за да не губиме од наставата одлучивме да се вратиме на настава. Лобиравме да се стави на дневен ред предлог законот за изменување на Законот за државна матура. Денеска ќе имаме средба и со премиерот Заев. Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација, со нашиот Сојуз од 2017 година се трудиме да е далеку од политиката, сакаме само да се бориме за поквалитетен образовен систем. Бараме само од пратениците да најдат решение за тема која засега над 18.000 матуранти“, смета Ходаи.

Поврзани новости