596
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше спектакуларно збогување од Динамо Загреб, каде денес го одигра последниот меч.
„Бед блу бојс“ денеска со специјална кореографија му се заблагодарија на капитенот Адеми за 13-те сезони поминати на Максимир.
Адеми во Динамо одигра 373 натпревари и е втор со најмногу настапи за Динамо.
Тој е рекордер по трофеи и европски настапи, а кариерата ќе ја продолжи во Пекинг.
-Не мислев дека ќе дојде овој ден, мислев дека ќе ја завршам кариерата во Динамо. Се уште не сум свесен за се, имав голема трема на овој натпревар. Со Динамо не освоив европска титула и тоа ми е желба која остана неостварена – изјави Адеми.