Ривалска банка ја купи „Кредит свис“ за да спречи криза

by Фокус

Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) потпиша договор за купување на ривалската швајцарска банка „Кредит свис“ во обид да се избегнат понатамошни превирања на пазарот во глобалното банкарство, објавија швајцарските власти.

Швајцарската централна банка ќе обезбеди значителна ликвидност на споената банка, соопштија на прес-конференција во Берн.

Договорот е решение за обезбедување финансиска стабилност и заштита на швајцарската економија во исклучителна ситуација.

Вредноста на договорот уште не е позната, но во извештајот на „Фајненшл тајмс“ се вели дека е повеќе од 2 милијарди долари.

Како една од 30-те глобални банки кои се сметаат за системски важни, договорот за „Кредит свис“ може да ги разбранува глобалните финансиски пазари.

Најмалку две големи банки во Европа ги испитуваат сценаријата за евентуално ширење на заразата во банкарскиот сектор во регионот и бараат од Федералните резерви и Европската централна банка да пристапат со посилни сигнали за поддршка.

Преговорите викендов следат по напорите во Европа и САД да го поддржат секторот по падот на американските заемодавачи „Силикон вели банк“ и „Сигничер банк“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги запре потрошувачките депозити додека швајцарската централна банка позајми милијарди на „Кредит свис“ за да го стабилизира билансот.

Поврзани новости