Хитроу во последен момент откажа летови за околу 10.000 патници

by Fokus

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска нареди откажување на десетици летови со кои требаше да се превезуваат околу 10.000 патници.

Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници.

Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник.

Неисправноста на системот за багаж на Терминал 3 резултираше со тоа што стотици куфери не беа испорачани во текот на викендот.

„Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“.

Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола.

Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Поврзани новости