Откако Фокус го објави ставот на Стојанче Ангелов дека при нова дебата со командант од УЧК заедно ќе се борат против „овој режим“, на Фејсбук се огласи основачот на Здружението на ветерани на УЧК, Даим Хисени кој рече дека тие се подготвени да дебатираат со секој кој изразува желба да дебатира со претставници на нивното здружение.
Ставот на Даим Хисени ви го пренесуваме во целост, преведен на македонски.
„Секогаш отворени за општото добро. Поради добробитта на сите, и подоброто утре за сите граѓани на Македонија. По неговата покана, ние ја прифаќаме дебатата со Стојанче Ангелов и со секој друг кој изразува желба да дебатира со претставници на нашето здружение. На кој било медиум, било на албански или македонски. ОВВ – ОНА секогаш во одбрана на народот.
Со почит,
Даим Хисени“