Ангелов: Латас, заедно со командантите од УЧК ќе се бориме против вашиот режим

by Фокус

Стојанче Ангелов денеска, преку својот Фејсбук профил му се обрати на Драган Павловиќ- Латас по повод неговата колумна во која тој го нарекува  „Стојанче Ангелов, генерал на војска која загубила војна“.

Ангелов на тврдењето на Латас дека тој во ТВ дуел се извинувал на „командант на учките од Кумановско“, го праша уредникот на Сител  „на што е“ и додаде:

„Ми даде идеја. Веднаш го барам Мухамед Зекири од ТВ Алсат да ми организира уште еден ТВ дуел со командантот од УЧК. Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален Режим! Бидејки и УЧК се почесни, похрабри и поморални од вас!!!“

 

 

Поврзани новости