683
Состојбата на хирургот Ѓорѓи Јота, кој беше силно удрен од автомобил во близина на Клиничкиот центар, е стабилна, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна“, напиша Филипче на фејсбук.
Претходно, министерот посочи дека хирургот Јота има тешка повреда на главата од вчерашниот удар од возило што го управувал малолетник пред Клиничкиот центар во Скопје.