Хирургот Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на ДПМНЕ во Куманово пред пет години беше во први борбени редови на штрајкот на лекарите

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред три недели излезе со пет официјални кандидати за градоначалници со кои ќе се бори на престојните локални избори да ги освои општините.

Меѓу нив е и хирургот од Куманово, Зоран Ѓорѓиевски кој по вторпат ќе се бори да стане градоначалник, иако на локалните избори во 2013 година изгуби од неговиот противкандидат од СДСМ, Зоран Дамјановски, кој досега дури трипати ја предводеше општината.

Карактеристично за хирургот Ѓеорѓиевски е тоа што и покрај својата партиска припадност и поддршка на ДПМНЕ, тој за време на штрајкот на лекарите во 2012 година против плаќањето по успешност беше во првите борбени редови каде што настапуваше како лекар, кој во тој период сметаше дека овој проект ќе им наштети на белите мантили.

Сепак, неговите активности на протестите прекинаа одреден период пред локалните избори во 2013 година, односно откако беше кандидиран за градоначалник на Куманово.

Тој во моментот е пратеник во Собранието од редовите на ДПМНЕ.

 

 

 

Поврзани новости