Намалувањето на потенцијата кај мажите со возраста е нешто кое што измачува голем дел од посилниот пол, но не и рускиот претседател Владимир Путин. Како што пренесе пред два дена познатиот британски медиум ,,Daily Mail’’, рускиот „алфа мажјак“ пронашол решение за да го подобри своето здравје и потенција и во шеесетичетвртата година од животот.
Имено, неколку пати годишно тој се капел во крв извлечена од отсечените рогови на каспискиот елен, за која што од древни времиња се верувало дека содржи тестостерон, кој е еликсир за подобрување на потентноста и општата здравствена состојба кај мажите.
Крвавата купка за зголемување на сексуалната моќ и ритуалите околу нејзиното добивање наишле на остра осуда од страна на активистите за заштита на животните, посебно поради тоа што се добивала со отсечување на роговите на елените без анестезија, а потоа се варела се додека да се добие густа смеса, која била доста популарна и кај останатата повозрасна светска елита – пренесува британскиот медиум, додавајќи дека покрај Путин, но и рускиот премиер Дмитриј Медведев биле големи фанови на крвавиот ритуал.
За оние мажи, кои сепак имаат пробелми со потенцијата, а не можат да си го дозволат скапиот ритуал на Путин, има и поефтина варијанта за подобрување на сексуалниот живот, без притоа да се предизвика страдање кај било кое живо суштество. Како најчесто препорачани од страна на нутриционистите, се оревите, бадемите, семенки од тиква, сусам. Од овошјето, во групата на афродизијаци се вбројуваат јагодите, јаболката, кивито, боровинките… За љубителите на производи од животинско потекло, се препорачуваат јагнешко месо, јајца и месо од мисирка. Посебно е нагласено овие производи да бидат добиени од животни кои се одгледуваат без хормонски терапии, антибиотици и останати хемикалии.
Околу консумирањето на коњското месо, кое деновиве во земјава го прославија поранешни функционери, а кое било дел од нивното мени, нема посебни податоци околу неговото влијание врз потенцијата. Единствено се верува дека е добро за срцето, бидејќи содржи помалку холестерол од телешкото, а повеќе железо. Исто така, содржи и омега 3 масти, но и витамин Б, кој позитивно влијае врз нервниот систем, придонесува за хормонален баланс, и е добар за косата и кожата.
Вики Клинчарова