Веловска: Пасошот ми треба за да си го носам детето на лекување

by fokus

Обвинетата во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, Катерина Веловска, смета дека судот не ги ценел личните и семејните прилики. Според адвокатот, судот оценил арбитрарно и побара да ги процени мерките на претпазливост.

„По природа сум легалист. Не сум го сторила кривичното дело, ниеден доказ не го докажува тоа“, изјави Веловска.

Таа нагласи дека на 10 март примила прва покана од СЈО и дека соработува со СЈО. Со треперлив глас пред судиите, рече дека ѝ треба пасошот за да го носи малото дете на лекување.

Обвинителот од СЈО, Бури Рустеми вели дека причините во обвинителниот акт се основани и дека со одземање на пасошот и јавување во судот ќе се обезбеди присуство на обвинетата Веловска, а доколку СЈО добијат препорака од лекар, ќе дадат дозвола да и биде вратен пасошот.

Поврзани новости