Седумдесетина затвореници неодамна имаа можност да се забавуваат во затворот „Идризово“, бидејќи на 12 јуни им беше организиран хип хоп настан. Осудениците играа на музиката на хип хоп артистите – Пука Козметика, Фатос Бомба, Огнен битбокс и Тони Зен.
Настанот беше организиран од Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица и социјална адаптација, реинтеграција и рехабилитација на ранливи групи ПРОСОЦИЈАЛ – Скопје, во соработка со КПУ „Идризово“, чиј директор е Боби Мојсовски.
-Настанот е дел од активностите од секторот за ресоцијализација во установата, и има за цел олеснување и полесна социјална адаптација на осудените лица во затворските услови на живот, но и нивна полесна реинтеграција во надворешниот свет, велат од Просоцијал, истакнувајќи благодарност до КПУ „Идризово“ и до Управата за Извршување на Санкциите за нивната отвореност во реализацијата на овој настан.